• сабота, 23 ноември 2024

Хамас ја потврди смртта на свој командант при израелски напад во Северен Либан

Хамас ја потврди смртта на свој командант при израелски напад во Северен Либан

Газа, 5 октомври 2024 (МИА) - Палестинската вооружена група Хамас денеска ја потврди смртта на уште еден нејзин командир во Либан.

Саид Аталах Али, еден од лидерите на Бригадите „Изедин ал Касам“ – военото крило на Хамас, е убиен во израелски напад врз бегалскиот камп Бедави, на околу пет километри северно од пристанишниот град Триполи, во Северен Либан, соопшти Хамас.

Либанската новинска агенција ННА објави дека сопругата и двете деца на Али исто така загинале во нападот.

Претходно, либански безбедносни извори информираа дека беспилотно летало погодило стан во палестински бегалски камп во близина на Триполи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан