• сабота, 23 ноември 2024

Хамас: Не станува збор за враќање на заложниците додека траат нападите во Газа

Хамас: Не станува збор за враќање на заложниците додека траат нападите во Газа

Газа, 22 јануари 2024 (МИА) - Додека израелските сили го засилуваат нападот врз Кан Јунис во јужниот дел на Газа, високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, истакна дека одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги запре воените операции „значи дека нема шанси за враќање на израелските заложници“.

Хамас, како што пренесува Ал Џезира, бара траен прекин на бомбардирањето, повлекување на копнените трупи од Газа и ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори во замена за 136 заложници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли барањата на Хамас.

- Ако го прифатиме тоа, нашите војници залудно загинаа, рече тој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан