• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хамас: Нетанјаху отфрли веќе потпишан договор за прекин на огнот во Газа

Хамас: Нетанјаху отфрли веќе потпишан договор за прекин на огнот во Газа

Газа, 19 март 2025 (МИА) - Официјален претставник на Хамас денеска изјави дека Израел мора да се соочи со притисок да го почитува договорот за прекин на огнот во Газа што го прекрши, инсистирајќи дека нема потреба од нови договори кога веќе постои овој потпишаниот .

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека тој ги наредил нападите, тврдејќи дека Хамас ги отфрлил предлозите за продолжување на примирјето во Газа. Во бранот напади низ опколената територија загинаа стотици луѓе и ставија крај на двомесечниот релативен мир.

-Зошто мораме да презентираме предлози додека постои потпишан договор со меѓународните страни кои дејствуваат како гаранти, изјави за Ал Џезира советникот за медиуми на шефот на политичката канцеларија на Хамас, Тахер ал Ноно.

„Постои и резолуција на Советот за безбедност. Ние одговоривме позитивно на сите напори направени против нас. Нетанјаху ги затвори очите пред тоа, а не Хамас или отпорот“, додаде тој.

Ал-Ноно додаде дека Хамас комуницира со посредници и меѓународни актери за да ја запре израелската агресија во Газа.

Палестинците кои се вратија во своите оштетени и уништени домови по стапувањето на сила на примирјето вчера беа цел на немилосрдното бомбардирање на Израел во кое цели семејства беа збришани за неколку секунди.

Хамас соопшти дека последните напади на Израел ги оценува како еднострано кршење на договорот за прекин на огнот.

„Нетанјаху и неговата екстремистичка влада донесуваат одлука да го откажат договорот за прекин на огнот, изложувајќи ги затворениците од Газа на непозната судбина“, се наведува во вчерашното соопштение на Хамас.

Хамас ги повика луѓето во арапските и исламските земји, заедно со „слободните луѓе во светот“ да излезат на улиците за да протестираат против нападот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан