• петок, 20 декември 2024

„Хамас“: Нема договор за размена на заложници додека Израел не стави крај на војната во Газа

„Хамас“: Нема договор за размена на заложници додека Израел не стави крај на војната во Газа

Каиро, 20 ноември 2024 (МИА) - Вршителот на должноста лидер на Хамас, Калил ал Хаја, во интервју за ТВ Ал Акса изјави дека нема да има договор за размена на заложници за затвореници со Израел додека не заврши војната во Појасот Газа.

„Зошто е до отпорот, а поконкретно на Хамас, да ги врати затворениците (заложниците) ако агресијата не престане“, праша Хаја. „Како може разумен или луд човек да ја изгуби силната карта што ја има додека трае војната“, додаде тој.

„Не може да има размена на заробеници додека не заврши војната“, нагласи Хаја, кој го предводи тимот на Хамас вклучен во разговорите со посредство на Катар и Египет. Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за недостатокот на напредок во напорите за постигнување договор. 

„Во моментов се остваруваат контакти со некои земји и посредници со цел да се обноват преговорите. Подготвени сме да продолжиме со тие напори, но поважно е да се види вистинска волја од страна на окупацијата да се стави крај на агресијата“, рече Хаја..

„Реалноста докажува дека Нетанјаху е тој што го поткопува процесот“, додаде лидерот на Хамас. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан