• среда, 13 ноември 2024

Хамас изразува „целосна солидарност“ со Иран

Хамас изразува „целосна солидарност“ со Иран

Техеран, 20 мај 2024 (МИА) - Палестинската група Хамас соопшти дека ја споделува „болката и тагата“ на иранскиот народ по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и другите официјални лица, изразувајќи „целосна солидарност“ со Иран.

Хамас додаде дека покојните ирански функционери имале историја на „почесни позиции“ за поддршка на палестинскиот народ и отпор против Израел, вклучувајќи ги и напорите да се запре тековната војна во Газа.

„Уверени сме дека Исламската Република Иран ќе ги надмине последиците од оваа голема загуба, братскиот ирански народ има институции кои можат да се справат со оваа сериозна криза“, се вели во соопштението на Хамас. паг/

Фото: МИА архива




Остани поврзан