Хамас го поздрави можниот чекор на Париз за признавање на Палестина
- Претставник на Хамас изјави дека најавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можноста Франција да ја признае палестинската држава во јуни претставува „важен чекор“.

Газа, 10 април 2025 (МИА) - Претставник на Хамас изјави дека најавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можноста Франција да ја признае палестинската држава во јуни претставува „важен чекор“.
– Франција, како земја со политичка тежина и постојан член на Советот за безбедност на ОН, има потенцијал да води кон праведни решенија и да инсистира на крај на окупацијата, како и на остварување на стремежите на палестинскиот народ за сопствена држава – изјави Махмуд Мардауи, претставник на палестинското исламистичко движење Хамас. ссм/
фото: архива