• недела, 01 септември 2024

Хамас го именуваше шефот на Газа, Јехја ал-Синвар за нов лидер на групата

Хамас го именуваше шефот на Газа, Јехја ал-Синвар за нов лидер на групата

Бејрут, 6 август 2024 (МИА) - Јехја ал-Синвар, шефот на Хамас во Појасот Газа, е избран да го замени Исмаил Ханије за водач на палестинската милитантна група, јави ДПА.

Промоцијата на Ал-Синвар во рамките на Хамас поддржан од Иран беше објавена денеска на Телеграм.

Тој е обвинет дека е организатор на нападите на 7 октомври во јужен Израел во кои загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 250 луѓе беа заложници.

Ханија со седиште во Катар беше убиен пред речиси една недела додека беше во посета на Техеран на инаугурацијата на новиот претседател на Иран.

Иран и неговите сојузници ветија остра одмазда против Израел како одговор, предизвикувајќи стравувања од поширока регионална војна. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан