• сабота, 23 ноември 2024

Хамас: Воените обиди за ослободување на заложниците ќе резултираат со нивна смрт

Хамас: Воените обиди за ослободување на заложниците ќе резултираат со нивна смрт

Газа, 3 септември 2024 (МИА) - Хамас го предупреди Израел дека инсистирањето на ослободување на заложниците преку воен притисок ќе резултира со нивно враќање кај семејствата во ковчези.

- Издадени се нови инструкции до борците задолжени за чување на затворениците како да постапуваат со нив доколку израелската војска се приближи до местото на затворот, изјави Абу Обеида, портпарол на бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас.

Обеида оцени дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и самата израелска војска „се целосно одговорни за смртта на заложниците откако намерно го попречија секој договор за размена на затвореници заради свои тесни интереси, со намерно убивање на десетици од нив преку директно воздушно бомбардирање, пренесе кинеската новинска агенција Синхуа.

Изјавата следи по извлекувањето на телата на две жени и четворица мажи од Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека биле убиени во тунел на Хамас малку пред да пристигнат војниците.

Стотици илјади Израелци се собраа во неделата низ цел Израел, барајќи од Нетанјаху да преговара за прекин на огнот со Хамас за да се осигура враќањето на заложниците кои се задржани во Газа. Исто така, вчера беше организиран генерален штрајк во Израел со барање за договор за враќање на киднапираните. ссм/

фото: архива

Остани поврзан