• среда, 25 декември 2024

Хамас вели дека САД се „директно одговорни“ за војната во Газа по ветото на ОН

Хамас вели дека САД се „директно одговорни“ за војната во Газа по ветото на ОН

Газа, 20 ноември 2024 (МИА) - Палестинската милитантна група Хамас денеска ги обвини Соединетите држави дека се „директно одговорни“ за израелската „геноцидна војна“ во Газа, откако ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара прекин на огнот.

-Повторно, САД покажуваат дека се директен партнер во агресијата против нашиот народ, дека се криминалци, убиваат деца и жени и уништуваат цивилен живот во Газа и дека се директно одговорни за геноцидната војна и етничкото чистење, исто како и окупацијата (Израел), се вели во соопштението на Хамас. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан