• петок, 27 декември 2024

Халеп – Мугуруза во второто полуфинале на АО

Халеп – Мугуруза во второто полуфинале на АО
Мелбурн, 29 јануари 2020 (МИА) – Романката Симона Халеп и Шпанката Гарбиње Мугуруза ќе играат во второто полуфинале на Австралија опен. Ова е епилогот по четвртфиналните мечеви одиграни ноќта вторник кон среда. Халеп експресно со 6:1 и 6:1 ја совлада естонската тенисерка и се избори за второ полуфинале на Грен слемот во Мелбурн. Мугуруза, во нешто понеизвесен меч беше поуспешна од Русинката Анастасија Пављученкова со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3. За Шпанката пласманот помеѓу четирите најдобри е најдобар досегашен резултат на АО. Во првото полуфинале ќе играат Ешли Барти од Австралија и Софија Кенин од САД. зс/

Остани поврзан