• сабота, 23 ноември 2024

Халеп ја забележа првата победа по забраната поради допинг

Халеп ја забележа првата победа по забраната поради допинг

Хонг Конг, 2 октомври 2024 (МИА) - Романката Симона Халеп ја запиша првата победа откако се врати на теренот по забраната поради допинг на тенискиот турнир ВТА 125 во Хонг Конг вреден 115.000 долари.

Поранешната светска тенисерка број 1 се натпреваруваше во две натпреварувања во мај, откако Судот за спортска арбитража (CAC) во Лозана ѝ ја намали забраната од четири години на девет месеци. Но, таа не успеа да победи на ниту еден турнир и се повлече од вториот поради повреда на коленото поради која оттогаш не игра.

Сега, сепак, Халеп се врати во форма и победи против Австралијката Арина Родионова со 6:2, 4:6, 6:4 за 2:08 часа игра.

Романката во второто коло ќе игра против седмопласираната Ана Блинкова (Русија). дс

Фото: Архива

Остани поврзан