• среда, 25 декември 2024

Халеп се повлече од турнирот во Синсинати

Халеп се повлече од турнирот во Синсинати
Синсинати, 19 август 2021 (МИА) – Романската тенисерка Симона Халеп одлучи да го напушти турнирот во Синсинати поради мускулна повреда. - За жал, деталните медицински прегледи утрово покажаа дека имам мала пукнатина во десниот адукторски мускул, така што би било премногу ризично да продолжам да играм. Ќе се одморам и ќе дадам сé од себе за да бидам подготвена за Грен слемот „УС Опен“ – соопшти Халеп преку социјалните мрежи. Така, Американката Џесика Пегула се пласира во третото коло без борба. Противник на Пегула во следната рунда ќе биде Каролина Плишкова од Чешка. зс/

Остани поврзан