• вторник, 24 декември 2024

Халеп може да се врати на тенисот, KАС и ја намали суспензијата

Халеп може да се врати на тенисот, KАС и ја намали суспензијата

Лозана, 5 март 2024 (МИА) - Двократната Гренд слем шампионка, Симона Халеп може да се врати на тениските терени.

По жалбата што Симона Халеп ја поднесе пред Судот за спортска арбитража во Лозана и откако беше осудена на четиригодишна суспензија поради допинг, казната беше намалена на девет месеци. Тој период заврши и Халеп може веднаш да се врати на натпреварите.

Откако започна целата приказна за допинг случајот на Хапел и откако романската играчка беше суспендирана, таа секогаш ја негираше вината и најавуваше дека вистината ќе излезе на виделина.

Халеп беше позитивна на роксадустат, лек против анемија што го стимулира производството на црвени крвни зрнца, по Отвореното првенство на САД во 2022 година и веднаш беше суспендирана.

Во мај следната година, дојде ново обвинение за неправилности во нејзиниот спортски биолошки пасош.

На крајот на 2023 година, таа беше осудена на четиригодишна суспензија, но Халеп веднаш поднесе жалба до КАС и, дополнително, тужба против компанијата што ја обвинува за фактот дека нелегалната супстанца е пронајдена во нејзиното тело. Станува збор за компанија која произведува суплементи, а Халеп смета дека со користење на нивните производи, кои не биле означени дека содржат роксадустат, всушност дошла во ситуацијата во која се нашла.

КАС предложи суспензијата да се намали на девет месеци, а тој рок истече за да може Халеп да каже дека сега оваа ситуација е зад неа и повторно да се сврти кон тенисот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан