• недела, 24 ноември 2024

Халеп доби вајлд-карта за турнирот во Мајами

Халеп доби вајлд-карта за турнирот во Мајами

Мајами, 7 март 2024 (МИА) - Романската тенисерка Симона Халеп доби вајлд-карта за учество на турнирот во Мајами.

Директорот на турнирот Џејмс Блек и испрати на Халеп официјална покана за натпреварот кој ќе се одржи од 19 до 31 март.

На 5 март, Судот за спортска арбитража (CAS) објави дека периодот на суспензија на 32-годишниот романска тенисерка е намален од 4 години на 9 месеци. Суспензијата требаше да трае до 6 октомври 2026 година, но по одлуката на CAS, Халеп може да учествува на натпревари.

Халеп е победник на два Грен слем турнира во сингл. Вкупно има 25 ВТА титули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан