• сабота, 23 ноември 2024

Халеви: Враќањето на цивилите од северна Газа ќе биде разгледано кога нема да има опасност од борбени дејствија

Халеви: Враќањето на цивилите од северна Газа ќе биде разгледано кога нема да има опасност од борбени дејствија

Тел Авив, 13 јануари 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека ќе ја разгледува можноста за враќање на палестинските цивили раселени од северниот дел на Појасот Газа кога ќе смета дека за нив нема опасност од борбени дејствија.

На прашањето за судбината на стотиците илјади цивили евакуирани од северот на Газа, шефот на израелските вооружени сили, генерал-полковник Херци Халеви рече дека враќањето на цивилите ќе биде разгледано кога нема да има опасност за населението.

Речиси 85 отсто од 2,3 милиони жители на Појасот Газа се раселени од своите домови од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, според податоците на Обединетите нации. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан