• четврток, 26 декември 2024

Халденванг: Нивото на шпионажа можеби поголемо од тоа за време на Студената војна

Халденванг: Нивото на шпионажа можеби поголемо од тоа за време на Студената војна
Берлин, 20 мај 2022 (МИА) - Нивото на шпионажа за време на војната во Украина, е речиси исто како во периодот на Студената војна, или дури и поголемо, тврди шефот на германското разузнавање Томас Халденванг. Раководителот на Сојузната служба за заштита на уставниот поредок, предупреди на зголемен ризик од саботажа во контекст војната во Украина. Беше наведено дека Германија разоткрила одреден број руски шпиони, кои делувале во земјата изминатите години. Според Халденванг, „во светот на отворени непријателства и драстични санкции, прагот на инхибиција за шпионажа, саботажа и нелегитимно влијание, продолжува да паѓа“. Медиуми истакнуваат дека Сојузната служба за заштита на уставниот поредок, го зголеми следењето активности на екстремистички групи и поединци, кои сакаат да го доведат во прашање легитимитетот на државата, по пандемијата од коронавирусот и војната во Украина. Халденванг додаде дека ризикот, што претставуваат таквите движења, е зголемен поради странски сили и нивни намери да промовираат антивладина пропаганда, преку пат на дезинформации. Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер го обвини рускиот претседател Владимир Путин, дека на Западот ја охрабрува идејата за „русофобија“ од почетокот на војната во Украина. бд/

Остани поврзан