• среда, 25 декември 2024

Халанд повикан на допинг тест со мртви луѓе

Халанд повикан на допинг тест со мртви луѓе

Осло, 5 септември 2024 (МИА) - Неверојатен пропуст се случил во Норвешка. Локалната антидопинг агенција реши да тестира пет играчи, меѓу кои беше и Ерлинг Халанд, но и двајца фудбалери кои одамна починаа.

Во прашање се Ејнар Гундерсен и Јерген Јуве. Првиот почина во 1962 година, а вториот во 1983 година.

И покрај ова тие се најдоа на списокот на антидопинг агенцијата заедно со актуелните репрезентативци Ерлинг Халанд, Странд Ларсен, Антонио Нуси и Оскар Боба.

За тоа проговори селекторот Стале Солбакен.

- Сите се запрашавме што се случи. Беше сериозна ситуација, веднаш се јавивме во агенцијата и ги прашавме дали се сериозни или се работи за скриена камера. Најверојатно ја погледнале листата на најдобри стрелци при правењето на нивниот избор. Малку доцна ги повикаа Гундерсен и Јуве, мислам дека тестовите ќе бидат негативни - потенцира Солбакен.

Потоа сериозно се зафати со приказната.

- Во Федерацијата секогаш сме добро примени, драго ни е што на хумористичен начин разбраа се. Но, останува фактот дека имаше голема грешка. Не можеме со сигурност да знаеме каде точно се случи грешката, но можеме да кажеме дека ќе бидеме многу повнимателни во иднина – заврши Солбакен.

Инаку, Јуве е најдобриот стрелец на норвешкиот тим во историјата со 33 гола. Гундерсен постигна 26. дс

Фото: Архива

Остани поврзан