• четврток, 26 декември 2024

Хакирана страницата на руската државна телевизија: „ТВ и властите лажат“

Хакирана страницата на руската државна телевизија: „ТВ и властите лажат“
Москва, 9 мај 2022 (МИА) - Владимир Путин беше понижен, кога на страницата на руската државна телевизија на интернет, се најдоа пораки од анти-воени демонстранти за време на националниот „Ден на победата“, оценува британски Експрес. Денеска, 9 мај, Русите ја одбележуваат победата над нацистичка Германија на крајот од Втората светска војна. Во долгоочекуваниот говор, Путин направи споредба меѓу војната во Украина во денешно време и руските обиди во 1940-те. Но, часови претходно, хакери влегоа во онлајн програмата на руската телевизија и тврдеа дека земјата има „крв на своите раце“. Францис Скар од Би-Би-Си објави видео на Твитер, каде може да се види резултатот од хакирањето.

Содржините од програмата беа сменети во анти-воени пораки. Пораките беа преведени, а дел од нив објавени: „на вашите раце е крвта на илјадници Украинци и нивните стотици убиени деца“, „ТВ и властите лажат“, „Не за војна“... Со паралела меѓу „специјалната воена операција“ што е во тек и Втората светска војна, Путин, преведен од Макс Седон од Фајненшл тајмс, изјави: - Да се брани Русија е секогаш свето... вие се борете за нашите луѓе во Донбас, за безбедноста на нашата татковина. Ова не е првпат на руската државна телевизија да упаднат анти-воени демонстранти. Најпознатиот случај беше во март, кога уредничката во рускиот канал еден, Марина Овсјаникова, го прекина одењето во живо, појавувајќи се во заднина со напис „не за војна“. бд/ссм/

Остани поврзан