• сабота, 28 декември 2024

Хакер ја пробил е-поштата на Гвардиола и се обидел да ги продаде информациите

Хакер ја пробил е-поштата на Гвардиола и се обидел да ги продаде информациите
Манчестер, 27 февруари 2020 (МИА) - Полицијата во Манчестер уапси хакер за пробивање на мејлот на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пренесува „Сан“. Полициски извор за весникот изјави дека хакерот работел во ИТ компанија на тренинг базата на Сити од 2016 до 2017 година. Мажот за кој станува збор ја пробил поштата на Гвардиола и оттаму добивал информации за сите играчи на тимот. Хакерот отворил и датотека, во која Гвардиола пишувал за можните трансфери - дојдовни и појдовни за тимот. Стана јасно дека поранешниот тренер на Баерн и Барселона имал интерес за Матаис де Лихт и Сократис Папастатопулос. Хакерот се обидел да ги продаде информациите за 100.000 евра, кои ќе ги добие во биткоини, но бил фатен од полицијата. Службениците за спроведување на законот извршиле претрес во неговиот дом и проверувале и содржина во неговите компјутери, мобилни телефони и е-пошта. 30-годишниот веќе е уапсен и обвинет за кражба на доверливи податоци.

Остани поврзан