• вторник, 20 јануари 2026

Хакери ја прекинаа програмата на иранската државна телевизија и емитуваа пораки од престолонаследникот Пахлави

Хакери ја прекинаа програмата на иранската државна телевизија и емитуваа пораки од престолонаследникот Пахлави

Техеран, 19 јануари 2026 (МИА) – Хакери го прекинале сателитското емитување на иранската државна телевизија и објавија две снимки со пораки од престолонаследникот Реза Пахлави, кој е во егзил.

- Ова е порака до армијата и безбедносните сили. Не го вперувајте оружјето во народот. Придружете и се на нацијата за слобода на Иран, беше објавено од хакерите.

Исто така беше емитувана пораката од Пахлави – „Вие сте национална армија на Иран, а не војска на Исламската Република. Имате должност да ги штитите сопствените животи. Не ви остана уште многу време. Придружете му се на народот што е можно побрзо“.

Активистите за човекови права тврдат дека во протестите во Иран убиени се најмалку 3.219 луѓе.

Тензиите помеѓу САД и Иран и понатаму се високи откако американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на иранските власти со воена интервенција ако не престанат да убиваат демонстранти и да не ги погубуваат приведените учесници во протестите.

Таткото на Реза, Мохамад Реза Пахлави побегна од Иран пред Исламската револуција, што се случи во 1979 година. Неговиот син Реза Пахлави на 8 јануари ги поддржа демонстрантите, кои кон крајот на декември почнаа протетси поради вложената економска ситуација, но набрзо прераснаа во антивладини, со барање за промена на режимот. ми/

фото: МИА архива 

Остани поврзан