• четврток, 26 декември 2024

Хакери пробиле профили на 300.000 корисници на Нинтендо

Хакери пробиле профили на 300.000 корисници на Нинтендо
Кјото, 10 јуни 2020 (МИА) - Јапонскиот гигант за видео игри Нинтендо призна дека од почетокот на април до сега хакери пробиле во базата на податоци на 300.000 профили на нивни корисници. Хакерите добиле пристап до лични информации како што се родендени и адреси на електронска пошта, но не и до информации за кредитни картички. - Длабоко се извинуваме што им предизвикавме проблеми и загриженост на нашите клиенти, соопшти компанијата од Кјото и вети дека ќе ја „зајакне безбедноста ... и ќе спречи ова повторно да се случи“. јт/

Остани поврзан