• сабота, 28 декември 2024

Хакери во Италија ја нападнаа веб-страницата за социјално осигурување

Хакери во Италија ја нападнаа веб-страницата за социјално осигурување
Рим, 1 април 2020 (МИА) - Компјутерски хакери ја нападнаа италијанската веб-страница за социјално осигурување, поради што таа денес „падна“, во момент кога луѓето почнаа да аплицираат за бенефиции поврзани со епидемијата на коронавирусот, изјави првиот човек на Агенцијата за социјална заштита (ИНПС), Пасквале Тридико. Според него, ИНПС примила околу 339.000 барања за помош во висина од 600 евра, но поради хакерите не им бил овозможен пристапот до веб-страницата. - Имавме претрпено неколку хакерски напади во последните неколку денови и тоа предизвика голем дефект. Тие продолжија  и денеска и моравме да ја затвориме веб-страницата, изјави Тридико за РАИ. Поради ограничувањата, многу компании престанаа да работат, а во првичниот одговор на економската криза, самовработените или сезонските работници можат да се пријават на ИНПС за помош од 600 евра. паг/

Остани поврзан