• среда, 18 декември 2024

Хабер Глобал: Турција ќе дозволи бродови со жито што доаѓаат од Украина преку теснецот Босфор и Дарданелите

Хабер Глобал: Турција ќе дозволи бродови со жито што доаѓаат од Украина преку теснецот Босфор и Дарданелите

Анкара, 17 август 2023 (МИА) - Турција е подготвена да гарантира непречен премин преку Босфор и Дарданелите за бродовите со жито што доаѓаат од украинските пристаништа. Ова го објави турскиот информативен канал Хабер Глобал, повикувајќи се на извори од турското Министерство за национална одбрана.

„Колку што знаеме, ниту еден брод не ја напуштил Украина. Но, ако пристигне, ќе му биде дозволено да помине низ теснецот“, се посочува во објавата на Хабер Глобал на X (Твитер).

Во меѓувреме, информативниот портал „Елипс Хабер“, повикувајќи се на свои извори во турското Министерство за одбрана, објави дека „првиот брод веќе тргнал низ новиот коридор“.

Весникот „Гардијан“ исто така информира дека цивилен брод тргнал од Одеса по привремениот коридор создаден откако Москва се повлече од Црноморската иницијатива за жито договорена под покровителство на Обединетите нации.

Во меѓувреме, турското Министерство за национална одбрана соопшти дека Анкара го поддржува продолжувањето на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа и внимателно ги следи напорите на другите земји да организираат алтернативни рути низ Црното Море, објави турската телевизија НТВ.

„Нашите напори се главно насочени кон обновување на договорот за коридор за жито. Другите земји работат на алтернативни рути и начини. Сето ова внимателно го следиме. Проблемот е како трговските бродови безбедно да стигнат до турските протоци. Нема да има проблем овие бродови да минуваат низ теснецот“, соопшти турското Министерство за одбрана. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан