Хабек: Американската царинска политика е „глупост“
- Германскиот министер за економија во заминување Роберт Хабек денеска изјави дека размислувањето зад царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп е „глупост“.

Луксембург, 7 април 2025 (МИА) – Германскиот министер за економија во заминување Роберт Хабек денеска изјави дека размислувањето зад царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп е „глупост“.
Претпоставката дека трговскиот суфицит или дефицит е проблем е „погрешна“, рече Хабек при пристигнувањето на итниот состанок на министрите за трговија на Европската унија во Луксембург.
Увозот од земјите на ЕУ во САД се соочува со нови царини од 20 отсто, почнувајќи од среда, потсети ДПА.
- На крајот, глобализацијата им служи на сите економии, рече тој, додавајќи дека американската економија порасна побрзо од европските економии во последните 20 години.
Хабек ги повика своите колеги од ЕУ да дејствуваат заедно и да не се обидуваат поединечно да обезбедат поповолни услови.
Германскиот министер, исто така, предупреди на избрзани реакции, велејќи дека ЕУ нема временски притисок да реагира на последната рунда соопштенија за царини. јт/
Фото: ЕПА