• среда, 04 февруари 2026

Ф1: Џек Духан резервен возач на Хаас во новата сезона

Ф1: Џек Духан резервен возач на Хаас во новата сезона

 

Лондон, 3 февруари 2026 (МИА) – Австралиецот Џек Духан ќе биде резервен возач за тимот Хаас оваа сезона, објави денеска американскиот тим во Формула 1.

Минатата сезона, 23-годишниот Духан настапи на шест трки од Формула 1 за тимот Алпин во кои не освои бод, а беше заменет од Аргентинецот Франко Колапинто. Австралијанецот до крајот на сезоната ја имаше улогата на резервен возач во Алпин.

„Тимот Хаас е идеално место за да ја продолжам мојата кариера во Формула 1“, изјави Џек Духан, кој е син на Мик Духан, петкратниот светски шампион во мотоциклизам во елитната класа од 500 кубни сантиметри во 90-те години од минатиот век. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан