• среда, 27 ноември 2024

Ф1: Норис стартува од пол позицијата во Сао Паоло

Ф1: Норис стартува од пол позицијата во Сао Паоло

 

Сао Паоло, 3 ноември 2024 (МИА) – Британецот Ландо Норис (Мекларен) ќе стартува од пол позицијата на трката во Формула 1 за Големата награда на Бразил, што ќе се одржи попладнево на патеката Интерлагос.

Лидерот во генералниот пласман и бранител на титулата светски првак Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул Рејсинг) ќе стартува од дури 17 позиција.

Во утринските квалификации кои започнаа во 7 часот и 30 минути по локално време, а траеја речиси два часа поради бројните прекини предизвикани од дожд и сообраќајни незгоди, најдобро се снајде Норис, кој славеше и во саботната спринтерска трка.

Покрај Норис во првиот ред ќе биде уште еден Британец, Џорџ Расел (Мерцедес), додека изненадувачкиот вториот ред го сочинуваат Јуки Цунода и Естебан Окон.

На четири трки пред крајот на сезоната, Верстапен има 44 бодови повеќе од Норис, а по овој квалификациски резултат Британецот има добра можност значително да ја намали разликата.

Трката во Бразил ќе стартува во 16 часот и 30 минути по македонско време. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан