• сабота, 23 ноември 2024

Ф1: Норис подготвен за утрешната ГН на Белгија

Ф1: Норис подготвен за утрешната ГН на Белгија
Брисел, 28 август 2021 (МИА) - Британецот Ландо Норис ќе биде подготвен да вози на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда (ГН) на Белгија, откако мина само со полесни повреди при денешниот инцидент во квалификациите, соопшти неговиот тим Ред Бул Квалификациите беа прекинати на почетокот на третата рунда кога поради силен дожд Норис излета од патека и со брзина од 300 километри на час удри во заштитната ограда. По инцидентот, Норис излезе од болидот и самиот влезе во амбулантното возило. По деталните медицински прегледи, вклучувајќи и рендген снимки, тимот на Норис објави дека повредите не се сериозни и Британецот ќе се појави на утрешниот старт од 15 часот на патеката СПА. Во врска со болидот и степенот на оштетување, проценките сè уште се во тек, додаде Ред Бул. ег/ми/

Тагови

Остани поврзан