Ф1: Норис останува во Мекларен
- Британскиот возач во Формула 1, Ландо Норис, ќе остане во Мекларен до крајот на 2025 година, откако денеска потпиша нов четиригодишен договор со екипата, која минатата сезона заврши на четврт
Лондон, 9 февруари 2022 (МИА) – Британскиот возач во Формула 1, Ландо Норис, ќе остане во Мекларен до крајот на 2025 година, откако денеска потпиша нов четиригодишен договор со екипата, која минатата сезона заврши на четвртото место во пласманот на конструктори.
- Продолжувањето на соработката ја покажува нашата верба во неговиот талент. Исто така, тоа е показател за неговата доверба и посветеност кон нашата екипа и патот да станеме конкурентни во борбата за титулата светски првак, изјави шефот на Мекларен, Андреас Сеидл.
Норис, кој дебитираше за Мекларен во 2019 година, минатата сезона четири пати се искачуваше на пиедесталот, освојувајќи три трети и едно второ место, а заврши шестопласиран во генералниот пласман. ег/