• недела, 24 ноември 2024

Ф1: Михаел Шумахер доби улица во Сараево

Ф1: Михаел Шумахер доби улица во Сараево
Сараево, 30 мај 2022 (МИА) – По титулата почесен граѓанин на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина го удостои седумкратниот светски првак во Формула 1 Михаел Шумахер со улица, која од денеска го носи името на прославениот германски возач. Како што јавија локалните медиуми, со одлука на Собранието на Кантонот Сараево, А трансверзалата во главниот град е преименувана во А трансверзала „Михаел Шумахер“. Германскиот возач во Ф1 во текот на 90-те години од минатиот век двапати ја посети Босна и Херцеговина, престојувајќи како амбасадор на УНЕСКО и американска хуманитарна организација, и притоа донираше пари за помош на децата ранети за време на војната. Кон крајот на 2013 година Михаел Шумахер тешко се повреди на скијање на француските Алпи, а неговото семејство сите информации околу здравствената состојба на поранешниот светски првак ги чува во најголема тајност. ег/паг/

Остани поврзан