• среда, 25 декември 2024

Ф1: Алфа Ромео во новата сезона под името Стејк

Ф1: Алфа Ромео во новата сезона под името Стејк

 

Лондон, 2 јануари 2024 (МИА) – Новата година донесе нов бренд за една од десетте екипи во Формула 1, откако Стејк Ф1 Тим (Stake F1 Team) официјално доби лиценца за настап до 2025 година.

Ребрендирањето на Заубер во Стејк е нов лик за поранешната екипа Алфа Ромео, а двајцата возачи во 2024 година треба да бидат Гванју Жу и Валтери Ботас.

„Поттикнати од длабоката страст кон брзините, иновациите и поместувањето на границите, сега сме во идеална позиција да го поведеме тимот до невидени височини почнувајќи од 2024 година, порака коосновачот на Стејк, Едвард Кравен.

Алфа Ромео – Ферари минатата сезона заврши на деветтото место во пласманот на конструктори.

Стејк е компанијата за забава и животен стил од Австралија, чие лого на своите дресови го носат и фудбалерите на премиерлигашот Евертон. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан