• понеделник, 02 септември 2024

ФФМ ќе обезбеди 15 илјади топки за клубовите во сите категории

ФФМ ќе обезбеди 15 илјади топки за клубовите во сите категории
Скопје, 2 октомври 2020 (МИА) - На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше одлучено да се набават 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS - International Match Standard”) кои ќе се распределат на клубовите од сите категории (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, Младински конкуренции и Женска фудбалска лига). Покрај тоа У.О. на ФФМ донесе одлука за враќање на паричните средства од продажбата на билети за полуфиналето од Лига на Нации меѓу Македонија и Косово. Управниот одбор ги усвои предлог пропозициите за Куп натпреварување во футсал за натпреварувачката сезона 2020/21, пропозициите за Втора футсал лига за натпреаврувачка сезона 2020/21 и предлог пропозициите во млади категории за девојчиња за натпреварувачката сезона 2020/21, соопшти ФФМ. зс/

Остани поврзан