• среда, 25 декември 2024

ФФМ ја утврди цената на влезниците за дуелот со Бугарија

ФФМ ја утврди цената на влезниците за дуелот со Бугарија
Скопје, 24 август 2022 (МИА) – Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу македонската и бугарската репрезентација што идниот месец ќе се игра во Скопје во рамки на Лигата на нации. Цената на влезниците ќе изнесува 250 и 350 денари. Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTickets, официјален партнер на ФФМ за продажба на билети. Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на документи за идентификација. Дуелот е закажан за 26. септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. ег/ар/

Остани поврзан