• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ФФМ промовираше онлајн платформа за продажба на билети

ФФМ промовираше онлајн платформа за продажба на билети

 

Скопје, 5 март 2025 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално ја стави во употреба својата онлајн платформа за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.

Навивачите на македонскиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нова веб-платформа, eticket.ffm.mk, којa ќе им овозможи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на македонската репрезентација и домашните фудбалски натпревари

„Со оваа платформа добивате безбедно и лесно купување билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите“, соопшти ФФМ.

Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Македонската фудбалска репрезентација овој месец ги стартува мундијалските квалификации со гостување во Лихтенштајн на 22 март, по што следува дуелот против Велс во Скопје на 25 март. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан