• среда, 25 декември 2024

ФФМ: Билетите за дуелот против Бугарија од понеделник во продажба

ФФМ: Билетите за дуелот против Бугарија од понеделник во продажба

Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Продажбата на билети за последниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација од групата 3 во Лигата на нации против Бугарија, на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе почне в понеделник. 

Како што денеска објави Фудбалската федерација на Македонија, билетите ќе се продаваат по цена од 250 и 350 денари за Северната и Јужната трибина. 

Продажбата на билети ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите, а електронска продажба на влезници нема да има. 

Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети. 

Влезниците ќе се продаваат во Скопје, Велес, Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Струмица и Радовиш. 

- Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации, објави ФФМ. ег/сст/

Остани поврзан