Футсал: Македонија поразена од европскиот првак Португалија
- Македонската футсал репрезентација загуби од Португалија со 1:5 во натпревар од квалификациите за ЕП 2026 година

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Македонската футсал репрезентација загуби од Португалија со 1:5 во натпревар од квалификациите за ЕП 2026 година.
Во „Јане Сандански“, нашата селекција поведе со голот на Јакуп Рамадан во 9 минута.
Европскиот првак, Португалија на полувреме имаше предност од два гола (1:3), во продолжението постигнаа уште два за конечни 1:5. дс
Фото: ФФМ