• недела, 01 септември 2024

Футсалците на двомеч со светскиот првак Португалија

Футсалците на двомеч со светскиот првак Португалија

Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Македонската футсал репрезентација на 13 и 14 јануари во Лисабон ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Португалија.

„Црвено-жолтите“ добија покана за двомечот против светскиот првак Португалија, селекција која се подготвува за настап на Европското првенство во Холандија кое започнува на 19 јануари.

Македонскиот национален тим денеска патува за Лисабон. Двата натпревари ќе се одиграат во спортскиот центар на Португалската фудбалска федерација.

Во тимот на Македонија се вклучени следните играчи: Антонио Петровски, Иван Стојановски, Зоран Левески, Игор Леовски, Дарко Ранготов, Јакуп Рамадан, Мартин Тодоровски, Таулант Исмаил, Иван Крстевски, Еркан Сефери, Драган Петровиќ, Реџеп Сулејман, Ферид Агуши, Ѓокица Џо Арсовски.

Во Лисабон, јубилеен 100 настап во македонскиот дрес ќе прослави Петровиќ. зс/

Остани поврзан