• среда, 27 ноември 2024

Фудбалските клубови од Берово и Микрево ја продлабочуваат долгогодишната соработка

Фудбалските клубови од Берово и Микрево ја продлабочуваат долгогодишната соработка
Берово, 7 октомври 2022 (МИА) - По повеќе од 20 години денеска 20 фудбалери од сениорската екипа на ФК „Малеш" од Берово, играат пријателски фудбалски натпревар, со екипа од истоимениот клуб од село Микрево, Република Бугарија.
Натпреварот се реализира на покана на градоначалникот на општина Струмјани.
Емил Илиев, како резултат на долгогодишното партнерство и традиционално добрите односи, меѓу двете соседни погранични општини, информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
-Заедно со претседателот на Совет на Општина Берово, им даваме поддршка на  нашите натпреварувачи на трибините во Микрево. Спортот не зближува и релаксира и ни  создава трајни пријателски врски, рече Пекевски.
Соработката помеѓу двете екипи, како што додаде претседателот на клубот од Берово Новица Печински, ќе продолжи и во иднина.
-Освен со сениорскиот тим соработката ќе ја продолжиме со оорганизација на пријателски натпревари и на младите категории, рече Печински.
ФК „Малеш" од Берово моментално се натпреварува во Третата фудбалска лига Исток во која по 4 одиграни кола се наоѓа во горниот дел на првенствената табела. вс/сст/

Остани поврзан