• сабота, 23 ноември 2024

Фудбалскиот клуб „Саса“ одбележува јубилеј 53 години постоење

Фудбалскиот клуб „Саса“ одбележува јубилеј 53 години постоење
Македонска Каменица, 13 септември 2021 (МИА) - Фудбалскиот клуб „Саса“ од Македонска Каменица одбележува 53 години од своето постоење. Клубот е основан на 12 септември 1968 година со Ангел Вренцовски како прв претседател на чие чело клубот само една година по основањето станува член на Брегалничката фудбалска регионална лига, каде 10 години успешно се натпреварува. Поради Ковид-19 јубилејот се одбележа скромно, а од клубот со гордост се сеќаваат на минатите успешни фудбалски времиња. -Во текот на целата натпреварувачка 1978/79 сезона, ФК „Саса“ е лидер на табелата во Брегалничката фудбалска регионална лига и освојувач на првенството. Тоа, во новата сезона ја преселува во натпреварувањата од Првата македонската фудбалска лига. За тогашните успеси на клубот, денес сите од ФК Саса се сложни дека е успех што заслужува најголема почит, бидејќи со ваков статус подолго време не можеа да се здобијат клубовите кои и тогаш имаа повеќедецениска традиција, истакнаа од клубот по повод јубилејот. Поради тоа, како што додадоа, ФК Саса е гордост на рударите, на сите каменичани и на сите љубители на фудбалската игра. ФК „Саса“ во моментот се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига под името ФК „Каменица Саса". По три одиграни кола со 7 бодови, го дели првото место со ФК Победа од Прилеп. вс/аа/

Остани поврзан