• среда, 25 декември 2024

Фудбалерка на Замбија суспендирана поради тестостерон како кај мажи

Фудбалерка на Замбија суспендирана поради тестостерон како кај мажи
Лусака, 7 јули 2022 (МИА) – Капитенот на женската фудбалска репрезентација на Замбија, Барбра Банда, доби забрана за учество на Африканското првенство (CAF) поради ненормални вредности во тестот на крвта. Според африканските новинари, тестовите на крвта на Банда откриле претерано високо ниво на тестостерон. - Во врска со отсуството на Барбра Банда од турнирот, не можам да ви ги кажам вистинските причини. Подобро прашајте го „CAF“, се огласи селекторот на репрезентацијата на Замбија, Брус Мвапе. Навивачите на репрезентацијата на Замбија се незадоволни од немањето јасен одговор од репрезентацијата околу исфрлањето на фудбалерката. Тие ја обвинуваат Фудбалска федерација на Замбија за отсуство на соодветна реакција и мерки за случајот. зс/

Остани поврзан