Фудбалерите во Германија ги избраа најдобрите за сезоната
- Неспорен бр.1 меѓу играчите е Роберт Левандовски од шампионот Баерн (Минхен), за кого гласаа 40,2%. Втор со 13,9% е Џејден Санчо од Борусија (Дортмунд), а трет е уште еден претставник на шамп
Минхен, 9 јули 2020 (МИА) - Здружението на професионални фудбалери во Германија ги утврди најдобрите за минатата сезона во Бундеслигата.
Неспорен бр.1 меѓу играчите е Роберт Левандовски од шампионот Баерн (Минхен), за кого гласаа 40,2%. Втор со 13,9% е Џејден Санчо од Борусија (Дортмунд), а трет е уште еден претставник на шампионот - Џошуа Кимих со 7,2%.
Уште по дефинитивен е триумфот на Ханси Флик за најдобар меѓу тренерите. Тренерот на Баварците собра 58,2% од гласовите, пред Кристијан Штрајх (Фрајбург, 11,3%) и Марко Росе (Борусија М, 6,2%).
Претставник на Баерн е исто така победник во анкетата за најдобар дебитант во првенството - Алфонсо Дејвис (Баерн, 45,9%). Втор е Ерлинг Холанд (Борусија Дортмунд) со 15,5% а трет е Флоријан Вирц (Леверкузен) со 8,2%.
Беше утврден и идеален тим:
Мануел Нојер (Баерн)
..............................................
Ашраф Хакими (Дортмунд)
Матс Хумелс (Дортмунд)
Давид Алаба (Баерн)
Алфонсо Дејвис (Баерн)
..............................................
Џошуа Кимих (Баерн)
Џејден Санчо (Дормунд)
Каи Хавертц (Леверкузен)
..............................................
Тимо Вернер (Лајпциг)
Роберт Левандовски (Баерн)
Ерлинг Холанд (Дортмунд)