• недела, 01 септември 2024

ФТ: Пелоси има намера во август да го посети Тајван

ФТ: Пелоси има намера во август да го посети Тајван
Вашингтон, 19 јули 2022 (МИА) - Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси има намера во август да го посети Тајван, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на шест лица запознати со ова прашање. Според две лица, прашањето дали воопшто е неопходна ваква посета, предизвикало несогласувања во американската Влада. Информацијата за намерата на Пелоси да го посети Тајван е во време кога островот е под притисок на Кина, јавија американски медиуми. бд/зш/

Остани поврзан