• сабота, 23 ноември 2024

ФСБ отвори истрага против двајца италијански новинари откако известувале во Курск

ФСБ отвори истрага против двајца италијански новинари откако известувале во Курск

Москва, 17 август 2024 (МИА) - Федералната служба за безбедност (ФСБ) отвори истрага против двајца новинари од италијанскиот канал РАИ кои направија извештај во регионот Курск, откако илегално ја преминаа границата од Украина, јавија денеска агенциите.

ФСБ „отвори кривична истрага“ против италијанските новинари Стефанија Батистини и Симоне Треини за „нелегално преминување на границата“, соопштија руските служби.

Италијанската амбасадорка во Русија, Сесилија Пициони вчера беше поканета во Москва од руското Министерство за надворешни работи на информативно интервју. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан