• среда, 25 декември 2024

Фронт 21/42: Ја поздравуваме одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Фронт 21/42: Ја поздравуваме одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Скопје, 5 септември 2024 

На денешната седница Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање одлучи да се повлечат Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата.

Искрено го поздравуваме ваквиот потег и се надеваме дека МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што заслужуваат овие две исклучително значајни меѓународно заштитени подрачја.

Фронт 21/42 претходно достави Претставка до релевантните собраниски комисии со укажување на неусогласеноста на Предлог законите со Уставот и барање за стопирање на процесот за нивно усвојување.

Во оваа смисла се надеваме дека повлекувањето на Предлог законите означува почеток на блиска соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор која ќе резултира со вистинска заштита на нашето најголемо природно богатство, но и унапредување на владеењето на прaвото во нашата земја.

Фронт 21/42

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан