• четврток, 26 декември 2024

ФРОНТЕКС предупредува на нов бран бегалци

ФРОНТЕКС предупредува на нов бран бегалци
Берлин, 8 мај 2020 (МИА) - Европската агенција за заштита на границите ФРОНТЕКС предупредува на нов бран бегалци на границата помеѓу Турција и Грција, објави германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на интерен, доверлив извештај за актуелната ситуација. - Откако ќе бидат укинати ограничувањата поради коронавирусот ќе уследи масовно движење на мигрантите во правец на турско-грчката граница, се наведува во документот на ФРОНТЕКС. Европската агенција истакнува дека пандемијата со Ковид-19 ја спречи грчката Влада да го реализира својот план за значително зајакнува на полицијата околу реката Еврос. - Планираното испраќање на дополнителни 400 полицајци во регионот околу Еврос е одложено поради вирусот, наведува ФРОНТЕКС. Во документот се посочува и дека кон крајот на февруари и почетокот на март повеќе илјади мигранти се обиделе да ја премина турско-грчката граница. ми/

Остани поврзан