• вторник, 24 декември 2024

Фронтекс ги прекинува сите операции во Унгарија

Фронтекс ги прекинува сите операции во Унгарија
Будимпешта, 27 јануари 2021 (МИА) - Европската агенција за заштита на границите Фронтекс соопшти дека ги прекинува сите операции во Унгарија по одлуката на Европскиот суд на правдата, предизвикана од силни критики против системот за азил во земјата. - Фронтекс ги прекинува сите свои оперативни активности на територијата на Унгарија, изјави Крис Боровски, портпарол на Агенцијата со седиште во Варшава. - Нашите заеднички напори за заштита на надворешните граници на ЕУ можат да бидат успешни само ако гарантираме дека нашата соработка и активности се целосно во согласност со законите на ЕУ, истакна Боровски. Во декември минатата година Европскиот суд утврди голем број недостатоци во постапките за азил во Унгарија, вклучително и нелегалното одбивање на мигрантите кои пристигнуваат од Србија. Тој, исто така, оцени дека законите, со кои им се забранува на барателите на азил да останат во земјата во текот на целиот процес, се нелегални и го критикуваше притворањето на мигрантите во „транзитните зони“. Еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон напиша на Твитер дека потегот на Фронтекс е „добредојден“. Унгарскиот Хелсиншки комитет, невладин набљудувач, вчера соопшти дека Унгарија вратила повеќе од 4.400 мигранти по одлуката на судот на ЕУ. гт/

Остани поврзан