• среда, 25 декември 2024

Фриц: Разочарав многу луѓе

Фриц: Разочарав многу луѓе


Њујорк, 9 септември 2024 (МИА) – „Разочарав многу луѓе“, изјави денеска американскиот тенисер Тејлор Фриц, откако загуби во неделното финале од Италијанецот Јаник Синер и не успеа да стане првиот домашен тенисер кој триумфирал на Ју Ес Опен во Њујорк, по Енди Родик во 2003 година.
Фриц, кој беше 12 носител на грен – слемот во Њујорк, беше немоќен во дуелот против првиот светски рекет и го загуби финалето со максимални 3-0 во сетови (3-6, 4-6, 5-7).
„Американските навивачи веќе долго време сакаат шампион на машкиот турнир машки шампион, а јас сум едноставно, не знам, прилично сум вознемирен од начинот на кој играв. Чувствувам дека изневерив многу луѓе“, рече Фриц.
Американците останаа без трофеј во поединечна конкуренција и на женскиот турнир откако домашната тенисерка Џесика Пегула загуби во финалето од Белорусинката Арина Сабаленка. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан