• среда, 18 декември 2024

Фрејзер-Прајс со втор резултат на сите времиња на 100 метри

Фрејзер-Прајс со втор резултат на сите времиња на 100 метри
Кингстон, 5 јуни 2021 (МИА) – Јамајканската спринтерка Шели – Ен Фрејзер – Прајс постигна втор најдобар резултат на сите времиња на 100 метри, истрчувајќи ја патеката за 10:63 секунди на националните олимписки квалификации во Кингстон. Двократната олимписка и четирикратна светска шампионка на 100 метри ја потврди одличната форма на Националниот стадион на Јамајка, подобрувајќи го својот личен рекорд за седум стотинки. Само покојната американска ѕвезда Флоренс Грифит-Џојнер ја има истрчано патеката на 100 метри со подобро време од Фрејзер – Прајс. Американката во 1988 година истрча 100 метри со време од 10:49 секунди. ег/паг/

Остани поврзан