• петок, 27 декември 2024

Фредериксен: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Фредериксен: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Прага, 31 август 2024 (МИА) - Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен на конференцијата „ГЛОБСЕК 2024“ во Прага. 

-Ако Русија победи, не само Украина ќе биде поразена, туку и сите ние. Европската унија никогаш не била толку силна како денеска. Понекогаш имаме внатрешни дискусии, но 26 членки ја поддржуваат победата на Украина, а само една не. Една земја против цела Европа. Европа никогаш не била толку обединета како што е сега, наведе Фредериксен на форумот, пренесена од „Украинска правда“.

Таа ги повика сите оние кои не ја поддржуваат адекватно победата на Украина да „сфатат колку е опасна ситуацијата“ и потврди дека Данска не ја ограничува употребата на борбените авиони Ф-16 што и ги префрли на украинската армија.

-Жал ми е што испораката на авионите Ф-16 траеше толку долго. Лично, бев подготвена да и ги предадам на Украина од самиот почеток на војната. Но, предолго се разговараше дали тоа е вистинската одлука или не, рече данската премиерка.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан