• четврток, 26 декември 2024

Фредериксен: Данска не ја прекина соработка со сојузниците и затоа не мора да ги обновува односите

Фредериксен: Данска не ја прекина соработка со сојузниците и затоа не мора да ги обновува односите
Копенхаген, 2 јуни 2021 (МИА) - Премиерката на Данска, Мете Фредериксен по медииумските наводи дека САД ги шпионирале европските лидери преку данската комуникациска мрежа денеска изјави дека Копенхаген не мора да ги обновува своите односи до сојузничките земји. - Мислам дека не е точно интерпретирано оти ние мораме да ги обновиме своите односи со Франција или со Германија. Ние имаме непрекината соработка, вклучително и за разузнавачките прашања, изјави Фредериксен. Претходно, данскиот јавен медиумски сервис ДР објави дека американската Агенција за национална безбедност (НСА) наводно ја користела данската мрежа на подводни комуникациски кабли за шпионирање на лидерите на соседните земји на Данска, вклучително и германската канцеларка Ангела Меркел. - Сојузниците не смеат да бидат систематски надгледувани, истакна Фредериксен. Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон и Меркел порачаа дека не е прифатливо шпионирањето на сојузниците и побараа објаснување. ми/

Остани поврзан