• четврток, 26 декември 2024

Фрапорт: Бројот на патници на аеродромот во Франкфурт на најниско ниво од 1984 година

Фрапорт: Бројот на патници на аеродромот во Франкфурт на најниско ниво од 1984 година
Франкфурт, 18 јануари 2021 (МИА) - Операторот на аеродромот во Франкфурт, „Фрапорт“ денеска соопшти дека бројот на патници во 2020 година се спушти на најниско ниво од 1980-тите, бидејќи панемијата на коронавирусот го уништи тој сектор. Најголемиот германски аеродром лани опслужил 18,8 милиони патници, 73 проценти помалку отколку во 2019 година, што е најниско ниво досега од 1984 година, се вели во соопштението на „Фрапорт“. Авионскиот сообраќај дојде до целосен застој помеѓу април и јуни 2020 година, за време на првото „затворање“ во Германија, „со тоа што неделниот број патници падна на 98 проценти од истиот период минатата година“, додава „Фрапорт“. Најголемиот германски аеродром регистрираше обновување на сообраќајот на патници во третиот квартал од 2020 година, кој потоа повторно падна, бидејќи беа заострени ограничувањата поради новиот бран на заразени од коромнавирус на крајот на годината. Само во декември, бројот на патници падна за 82 проценти во споредба со 2019 година, на нешто повеќе од 890.000 луѓе. Извршниот директор на „Фрапорт“, Штефан Шулте вели дека 2020 година донесе екстремни проблеми во целата авионска индустрија и дека очекува почетокот на вакцинацијата да овозможи обновување на сообраќајот на патници на аеродромот во Франкфурт во втората половина на оваа година. - Единствената светла точка минатата година беше товарниот сообраќај на аеродромот во Франкфурт, кој падна за само 8,3 проценти, додаде Шулте. „Фрапорт“ ова лето најави намалување на 3.000 до 4.000 работни места, што е околу 15 проценти од работната сила на компанијата. паг/  

Остани поврзан